И покрај смртните закани: Рафа Бенитез повторно во Ливерпул!

од Nikola Popovski
341 прегледи

Искусниот шпански фудбалски стручњак Рафа Бенитез се враќа во Премиер лигата по подолго време и една епизода во кинескиот Далиан, поточно во Ливерпул, но во ривалот Евертон. Бенитез го замени Карло Анчелоти, кој се врати на „Сантијаго Бернабеу“ како тренер на Реал Мадрид.

Сепак, повеќето навивачи на „карамелите“ не се воодушевени од доаѓањето на стручњакот од Мадрид.

– Воодушевен сум што го водам Евертон. За време на преговорите за моето пристигнување, бев импресиониран од амбициозноста на клубот, што ми беше објаснето од луѓето од управата. Мислам дека овој клуб ќе направи големи резултати во иднина и јас сум решен да им помогнам во тоа – изјави Рафаел Бенитез.

Рафа ќе биде петтиот менаџер на „Карамел“ во последните пет години. Не му пречеа ниту заканите кои неодамна ги доби пред неговата куќа во Ливерпул, кога на транспаренти пишуваше „Знаеме каде живееш“.

Да потсетиме, Бенитез го напушти „Енфилд“ пред 11 години, каде му ја донесе титулата европски шампион на Ливерпул.

По Ливерпул, тој го водеше и Интер, со кого ја освои светската клупска титула, Челзи, со кого го подигна трофејот во Лига Европа, додека со Наполи го освои Купот на Италија, потоа Реал и Њукасл Јунајтед, со кого беше дури и во англискиот Чемпионшип. Со Валенсија, во два наврати го освојуваше Шпанското првенство.

Слични содржини