174
Во српски Пирот утрово во 08:40 часот, мажот М.М. (55), пукал во главата на С.М.(47).
Брзата помош реагирала и околу 9 часот во Прифатното одделение во Градската болница била донесена С.М., каде реанимацијата не помогнала. На местото на настанот брзо пристигнале припадници на пиротската полиција. Мажот подоцна сам се предал.
Злосторството се случило во пешачката зона на Трг ослободилац, а самото место е оградено со полициска лента.
Мотивот се уште не е познат.