Нашите најдобри кошаркари загубија по втор пат од Романија во претквалификациите за Светскиот Куп.
„Игравме добро, и на гостински терен во Орадеа. Бевме многу блиску, со одличното второ полувреме, да направиме пресврт. Дојдовме до негатива од три поени (66:69). Но кобни за нас одново беа последните три минути, оние во кои Романија направи победничка серија од (10-0), за превисок триумф (79:66), кој ги носи во квалификациите за Светскиот Куп 2027“, резимира Кошаркарската федерација.
Игравме добро, но Романија се стекна дури и со двоцифрена разлка до истекот на полувремето (45:34)
Особено тоа се однесува на првите 15.минути во кои имавме и скоро егал скор. По поентирањето на Вајли, заостануваавме само еден поен (30:31).
Тоа беше нашиот одговор на водството на Романците по првиот период, солидно (26:19).
Но, имавме само три расположени поентери. На почетокот тоа беше Митревски, потоа во поентерски ритам влезе капитенот Магдевски, продолжи Вајли.
Но имавме слаби реакции во одбраната, особено во бранењето на шутот за три поени на противникот. Во првата четвртина Грасу уфрли три тројки, Потоа кога домаќините ја направија предноста, двоцифрена, додаде уште една, што заедно со нешто подобриот скок, беа и причините што заостанувавме по 20 минути од играта во Арената во Орадеа.
Многи подобро издание имаа нашите сениори во оние 2.минути. Период во кој полека, но сигурно ја топевме двоцифрената негатива.
На нешто повеќе од три минути, Македонија заостануваше само три поени (66:69), по што дојде една неверојатна тројка од Кути,
Како вовед во победничката серија на Романија од (10-0), која ни ја одзема шансата да останеме во игра за евентуален пласман во квалификациите за Светскиот куп кои ги завршувааме на 20. август, со дуелот против Унгарија во Скопје.