На денешното рочиште адвокатите на Љубе Бошкоски обелоденија дека до специјалната обвинителка Катица Јанева ќе бидат доставени 18 транскрипти од „бомбите“ на СДСМ во кои има снимени разговори за договарање судски процеси.
” Постојат 18 транскрипти со повеќе од 1 час телефонски разговори, во кој се вклучени лица учесници во овој процес со што се доведува во прашање легитимитетот на постапката. Наводно, како што ми беше кажано во разговорот се зборува за подготвување водење и донесување на одука за случајот” – рече адвокатот на Кратовалиев
.

Во тие разговори се спомнуваат предметите „Ровер“ и „Кампања“ за кои Љубе Бошкоски е осуден на долгогодишни затворски казни. На Јанева и се посочуваат и други предмети местени од страна на МВР и обвинителството како што се Монструм, А1, Агент, Космос на Фијат Цаноски, парцелите на Водно и други .