И Русија се повлекува од ИНФ

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија го прекинува учеството во Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (ИНФ) и нареди руската страна повеќе да не преговара со САД за тој договор.

-Американските партнери соопштија дека прекинуваат учество во Договорот. И ние тоа ќе гио направиме. Објавија дека се занимаваат со развој на ново оружје, и ние тоа ќе го направимем изјави тој на состанок со министрите за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

-Русија нема да биде вовлечена во  трката со вооружување. Не треба да се предизвикаат дополнителни трошоци, порача Путин.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави вчера дека САД се откажуваат од примената на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.

Договорот беше постигнат во 1987 година. Москва го негираше кршењето на договорот, со кој на двете земји им се забранува поставување на ракети со краток и среден домет во Европа.

loading...

Слични содржини