И шефицата на државата очекува оставки од Судскиот совет

од Nikola Popovski
42 прегледи

Расте притисокот врз членовите на Судскиот совет. По поднесените интерпелации во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека ова, иако не повлекува директни оставки, сепак, носи етичка одговорност. Таа испрати и конкретна порака, членовите на Советот не се избрани да бидат скандал мајстори…

Очекува оставки од членовите на Судскиот совет, а веќе извесен и исходот од гласањето за нивна интерпелација. Претседателката вели дека 67 пратеници ја поддржале иницијативата за чие усвојување се потребни 61 глас. Но парадоксот е што интерпелацијата нема завршница. Истакнува, сепак, членовите на Судскиот совет мора да имаат голема доза на одговорност која е врзана за етиката.

Очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски е дека пратениците ќе гласаат како што мислат дека треба. Вели, интерпелацијата на членовите на Судскиот совет е во ингеренција на народните избраници зашто тие го прават и изборот.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом  поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследнои спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Слични содржини