Помладиот син на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, е меѓу учениците кои се затруле со храна во основното училиште „Димо Хаџидимов“ во Скопјe.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес објави дека 40 ученици во училиштето во скопската општина Карпош се пожалиле на болки во стомакот и дека училишната кујна е привремено затворена за да се утврди изворот на евентуалното труење со храна.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, денес потврди дека децата кои имале симптоми на труење, вклучувајќи го и синот на премиерот, сега се чувствуваат добро и се пуштени од болница на домашно лекување.