И славните знаат да бидат непристојни

од desk4
449 прегледи

Акерката Оливија Колман во серијата „Круна“ ја глуми британската кралица, што подразбира познавање основни правила на протокол и убаво однесување, но додека ја промовираше серијата во едно интервју призна дека нејзиниот сопруг во тек на посетата на палатата украл предмет кој сакал да го задржи како сувенир.

Бакингемската палата не реагирала на изјавата, само портпаролот кусо изјавил: „ако секој зема по еден предмет за спомен, во палатата нема да остане ништо“.
Еве кои се најпознатите славни престапници

Битлси
Џон Ленон своевремено призн дека членовите на бендот во 1965 година пушеле канабис во тоалетот на палатата пред да им бидат врачени ордени. Подоцна Џорџ Харисон го негираше, појаснувајќи дека во тоалетот запалиле обични цигари, бидејќи биле многу напнати и нервозни.

Роби Вилијамс
Пејачот призна дека пушел канабис во палатата, но демантираше дека му се слошило па повратил.
– Дали сум повратил во Бакингемската палата? Не. Само пушев џоинт – изјави тој.

Оливија Колман
Британската оскаровка во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг во тек на една посета на палатата украл ролна тоалетна хартија за да докаже дека биле таму.

Пирс Морган
Познатиот телевизиски водител го сметаат за сериски престапник кога се во прашање посетите на слваните и богатите. Во една прилика призна дека дома има колекција од тоалетни хартии кои ги крадел од домовите на познатите. Една од нив е и црната ролна хартија со монограм од тоалетот на Сајмон Кауел, по што е логично дека тоа го сторил и во домот на кралицата. Но како што признава самиот храброста да собира вакви сувенири ја изгубил во 2011 година кога на ред дошла Белата куќа, кога претседател бил Барак Обама, оти се исплашил да не заврши во затвор.

Ема Бантон
Некогашната спајс девојка во емисија изјави дека од Бакингемската палата за спомен го однесла знакот од вратат на тоалетот, кој го зела кога на покана од кралицата имала настап во палатата. Повод бил концерт за Златниот јубилеј во 2002 година.

Стивен Фрај
Бакингемската палата е само едно од познатите места на кои овој комичар и писател, пријател на принцот од Велс, конзумирал кокаин. Во своите мемоари тој открива дека „шмркал“ наркотици во Домот на лордовите и во Долниот дом на британскиот парламент, но и во ТВ центарот Би-Би-Си.
– Може да се каже дека го нарушив угледот на дивните палати и поседи кои ги користи славниот естаблишмент – изјави тој.

Слични содржини