И сонот влијае на машката плодност

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Премногу краткиот или премногу долг сон може да влијае врз машката плодност, покажуваат резултатите од истражување.8c0ebb71ea005b0a88391a573c3009a2

“Препорачанoто времетраење на ноќниот сон е 7-8 часа рече шефот на истражувањето Лорен Вајз од Институтот за јавно здравје на Бостонскиот универзитет.

„Нашиот тим истражи 790 парови и заклучи дека краткиот сон – помалку од 6 часа, и премногу долгиот – 9 и повеќе часа, ноќен сон ја намалуваат веројатноста да се забремени.

Искористувајќи го 8-часовото спиење како репер, откривме дека мажите кои спијат помалку од 6 часа или повеќе од 9 часа ноќе, се со 42 отсто помала веројатност да ја оплодат партнерката. Објаснувањето најверојатно е на хормонално ниво. Експертите по репродуктивно здравје знаат дека тестостеронот е од суштинско значење за размножување и дека поголемиот дел од секојдневното количество тестостерон се лачи за време на спиењето од мажите “.

Во рамките на новата студија сите парови се обиделе да зачнат за не повеќе од 6 менструални циклуси. Паровите одговориле на прашања за спиењето и за потенцијални пречки во него.

Било констатирано и дека мажите кои често имаат пречки во сон, е помалку веројатно да ја оплодат партнерката во споредба со оние чиј сон е мирен.

“Не најдовме причинска врска, но меѓу сонот и плодноста несомнено постои зависност. Таа беше присутна дури откако беа земени предвид возраста на мажите и жените, индексот на телесната маса, зачестеноста на сексуалните акти и други фактори за кои е познато дека влијаат врз плодноста. Можно е лошиот сон да придонесува за нездрав начин на живот, намалување на либидото и сексот “, забележува Вајз.

Резултатите од истражувањето беа претставени на годишната средба на Американското здружение за репродуктивна медицина во Солт Лејк Сити.