Виктор Орбан на младини е либерал, но и бунтовник против комунистичкиот систем. Поминува во кампот на крајната десница, а сега како премиер на Унгарија се доживува како бранител на Западот од “наездата” на Ориентот. Во свој коментар “Шпигел” напиша: “глупав, нервозен, Орбан.”
Mилиони Европејци се прашуваат што се случува во Унгарија? Земјата, која пред четврт век ја раскина Железната завеса и пушти илјади граѓани на ГДР да заминат на Запад. Тоа беше крајот на комунистичкиот тоталитаризам во Источна Европа.
На Орбан му се допаѓа улогата на провокатор. Таков е од студентските години. Во политички жешкото лето, на 16 јуни 1989 година, тој држи пламен говор на Плоштадот на хероите во Будимпешта и отворено ги повикува Унгарците да преминат на патот кон слободата, а советскиот воен контингент да замине од неговата татковина. Во тоа време тоа се граничи со криминал,ама нема проблеми.
Сега неговиот свет е друг. Дури претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер го пречекува со “Здраво, диктатор!”.
На 30 март 1988 година Орбан е ко-основач на либералната партија ФИДЕС и влегува во 6-члената нејзиното претседателство. Во 1992 година формацијата нагло го менува својот политички курс и презема десно политика. ФИДЕС победи на изборите во 1998 година, Орбан стана премиер, но по 4 години ги губи парламентарните избори. Во 2010 година тој повторно е на чело на извршната власт. Оттогаш неговата деснопопулистича влада ззаема штетен курс. Дига ли некој глава, се простува со функцијата.
Унгарскиот премиер е критикуван во Европа. Тој се осмели да наметне измени во уставот кои ги ограничуваат овластувањата на Уставниот суд. Протурка и медиумски закон со кој де факто ја стави раката на слободната новинарство. Тој ја надмина оддесно дури екстремистичката партија Јобик, која пак прави обид да го заземе центарот во унгарската политика.
Според Орбан главен приоритет беше да се зачува христијанскиот идентитет на континентот. Најголемата закана сега биле бегалците муслимани.
“Факт е дека Европа е под закана од масовниот егзодус. Сега зборуваме за илјади, но во наредните години ќе проговори за милиони. Тогаш со изненадување ќе утврдиме дека сме малцинство на своја континент. За разлика од другите европски народи Унгарците не се подготвени да коегзистираат со муслимани “, вели Орбан. А минатиот четврток од Брисел упати повик: “Не доаѓајте тука за вас е опасно. Не можеме да ви гарантираме дека ќе бидете прифатени .” Пред неколку дена, пак, рече дека проблемот со бегалците бил на Германија, не на Унгарија. И додаде: “неодговорно е секој европски политичар, да храни надежи меѓу мигрантите за подобар живот.”
Темата “илегални бегалци” се покажа шанса за Орбан – во услови на економска криза и раширената корупција неговиот авторитет паѓа. Сега тој сака да се претстави како народен спасител.
Орбан не се срамеше да ја прогласи својата цел – Унгарија да не се претвори во либерални држава: “Ние не веруваме дека секоја демократија задолжително треба да е либерална”. За него успешни земји се Русија, Кина, Турција и Сингапур, иако не биле либерални демократии.
Легендарна е страста на Виктор Орбан кон фудбалот. Тој не прифаќа еднаков натпревар, а камоли победа на противникот. Како млад лидер на ФИДЕС укажува на натпревар на неговиот тим како да се игра до победа. Дали ќе му успее и во Европа да се игра по неговите правила, е прашање со јасен одговор.
Најмладиот премиер на Унгарија
Во 1998 година, тогаш 35-годишен, Виктор Орбан станува за прв пат премиер – најмладиот во историјата на Унгарија. Роден е на 31 мај 1963 година во индустрискиот град Секешфехервар во семејство на протестанти. Таткото е агроном, мајката – учителка. Завршува англиска паралелка, следува право, а во 1989 година со стипендија од фондацијата на Џорџ Сорос, за која работи од 1988 година, заминува за Оксфорд, каде што една година учи политички науки. Женет е од 1986 година, од бракот има пет деца – син и четири ќерки.
Инаку Орбан се здоби од Претседаелот Иванов со Орденот „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
За него рекле:
Треба да цени опозицијата и медиумите
“Немоќна сум да го објаснам односот помеѓу демократија и поимот либерални демократија, користен од г-дин Орбан. Вистинскиот модел за Унгарија е кога :најверните пат се наоѓа во јавниот спор. Една влада со големо мнозинство во парламентот е должна да ја цени улогата на опозицијата, на граѓанското општество и на медиумите. ”
Ангела Меркел, канцеларка на Германија
Ако Орбан е христијанин, таков е и Ким Јонг Ун
“Понекогаш се срамиш поради Виктор Орбан. Тој е човек кој опропасти многу работи во Унгарија, но и многу кои се однесуваат на вредностите на ЕУ. Рече дури дека требало да прифаќа само бегалци христијани, но ако Орбан е христијанин, тогаш таков е и Ким Јонг Ун. ”
Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург
Диктатор кој си легнува со Путин
“Унгарија е земја која е на прагот да го отстапи суверенитет на еден неофашистки диктатор (Виктор Орбан), Кој си легнува со Владимир Путин.”
Џон Мекејн, американски сенатор републиканец
Тој е проблематично дете на ЕПП, но го сакам
“Виктор Орбан е проблематично дете во семејството на Европската народна партија, склон е да провоцира, но јас го сакам и наоѓаме заеднички јазик.”
Жозеф Дол, претседател на ЕПП, чиј член е партијата на Орбан
Властољубец, не го земајте за сериозно
“Не го земајте Орбан сериозно. Тој е незадржлив властољубец. дава изјавите според публиката и соодветната ситуација.”
Ласло Кери, унгарски политиколог и биограф на Орбан

