И студент на ФИНКИ меѓу загинатите во пожарот во Кочани

од Nikola Popovski
713 прегледи

Со огромна тага и неверување ја примивме веста за трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загуби нашиот колега, пријател и активен член на Студентскиот парламент на ФИНКИ, Спире Стоименов, објавија од Студентскиот парламент.

Во нивната објава се наведува дека Спире беше личност со исклучителен ентузијазам, посветеност и искрена желба да придонесе за студентската заедница.

-Неговата енергија, идеи и ангажман оставија неизбришлива трага, а неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во нашите редови.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои имаа чест да го познаваат. Нека почива во мир, стои во објавата на студентите од факултетот.

Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Најголем дел од повредените се на скопските клиники, а преостанатите сè уште се пренесуваат во странски земји. Над 10 држави несебично понудија помош, освен лекување во земјава има и странски доктори кои им помагаат на македонските колеги.

Слични содржини