И татковците да ги имаат истите права за трето дете

од desk3
93 прегледи
Народниот правобранител бара измени и дополнување на законот за заштита на деца, со кои и на татковците ќе им се овозможи право на остварување на додаток за трето дете, во случај ако мајката не ги исполнува условите.
Според народниот правобранител, сегашната одредба од законот е дискриминаторска и ги става во нерамноправна положба мајката и таткото како родители на детето што е спротивно на уставот и на законот за дискриминација. Освен тоа посочуваат дека постојат и низа други нелогични услови и недостатоци во законот, поради кои ранливите категории на граѓани често пати не можат да го остварат правото на додаток.
Барањето веќе го доставиле до министерството за труд и социјална политика и очекуваат сеопфатна анализа со која ќе се прифатат барањата.