И тоа е доволно! Русија може да ја поткопа довербата во демократијата во САД…

од desk3
111 прегледи

Американското разузнавање предупреди за можни акции од Москва како одговор на политичката атмосфера во САД во периодот околу изборите.

Официјални лица изјавија пред “Вашингтон пост” дека Русија не е способна да ги фалсификува резултатите од изборите преку кибер-шпионажа, но Москва може да се обиде да ја поткопа довербата на гласачите во демократијата.

0000320934-article2

Изданието коментира дека ваквата интервенција во една од најпознатите поларизирани кампањи може да ја засили постоечката политичка турболенция во САД.

Федерално биро за истраги на САД и други американски агенции испитуваат фалсификувани документи, со цел да ја дискредитираат кампањата на кандидатот на демократите за Белата куќа Хилари Клинтон, пренесе Ројтерс.

Во изминатите неколку дена Министертсвото за национална безбедност добил докази дека Русија “скенира” бази на податоци и компјутерски системи за гласање, без да е јасна целта на овие активности.

Се претпоставува дека Кремљ може да изфабрикува податоци за измами, да ги објавува во последен момент или по изборите и така да ги потпали сомнежите, лансирани од кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека обвинувањата на Вашингтон се неосновани, но американското разузнавање продолжува да стои зад своите тврдења.

Официјални лица одбиваат да дадат детали каков би можел да биде одмазднички удар, но посочуваат дека реално манипулацијата на резултатите од изборите е исклучително тешко поради децентрализираниот изборен систем и важечките заштитни механизми.

Во меѓувреме, четири дена пред изборите, Доналд Трамп и Хилари Клинтон го посетија важните за победата држави. Во Северна Каролина Клинтон потсети на избирачите судски постапки против Трамп за дискриминација во 70-тите. Трамп беше во неколку држави во изминатиот ден, вклучувајќи и во Флорида, каде потсети за импичментот на Бил Клинтон и изјави дека Хилари Клинтон ќе биде одговорна за скандалот со користење на личен сервер за пошта од времето на нејзината позиција државен секретар.

Во кампањата се вклучи и сопругата на Трамп – Мелани, која во Пенсилванија зборуваше дека ако стане прва дама ќе се бори против малтретирањето на децата на интернет и на лице место.