Полицијата е на место, обидувајќи се да преговара со бегалците, и да ја смири сосотојбата.
Десетици мигранти, сместени во центарот за притвор во шпанската престолнина Мадрид, се бунтуваат, се искачиле на покривот на зградата и кршеле мебел, пренесува AFP, повикувајќи се на информации од портпаролот на градоначалникот на шпанската престолнина.“Не го знаеме точниот број 30 или 40 лица. Тие се искачиле на покривот, полицијата е на место, обидувајќи се да преговара “, вели Мануела Кармен, нагласувајќи дека нема повредени во инцидентот.
Во меѓувреме во раните утрински часови денеска повеќе мигрантите се собрале во центарот, и покрај лесниот дожд, тие скандирале “Слобода, слобода”, пренесува репортерот на агенцијата.
Некои од мигрантитеги искршиле камерите за набљудување и друг инвентар во околината , објавија локалните медиуми.