И Xiaomi веројатно развива смартфон со тројна селфи камера

од Vlatko K
130 прегледи

Неодамна дознавме за патент од страна на LG кој опишува смартфон со тројна предна камера. Сега
дознаваме дека и Xiaomi подготвува сличен уред кој сепак се потпира на слајд механизам, во кој се
сместени сензорите.


Иако нема информации за тоа какви сензори и објективи ќе бидат користени од компанијата,
очекувањата се за присуството на ултра широкоаголна оптика во комбинација со стандарден и
монохроматски сензор.

Друга можност е компанијата да се обложи на „Time of Flight“ решенија кои овозможуваат
постигнување на слики со подобар боке ефект, заедно со други можности за употреба при
додадена реалност.

Интересно е да се напомене дека заедно со гореспоменатиот уред во патентот е достапен и цртеж
на уште еден модел со испакнување во горниот дел, вклучувајќи двојна селфи камера.