osnoven-sud-skopje-11-860x680

Пред судија на претходна постапка, а по претходен договор со обвинителот од Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации, денеска беше сослушано лицето И.Г. за кого беше поднесен предлог за определување мерка притвор. По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Лицето против кое е определен мерката како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа.

Интегрален текст од соопштение на  Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Слични содржини