И зетот на Трамп кандидат за Нобеловата награда: На списокот се веќе Навални, СЗО, младата Грета…

367 прегледи

Поранешниот висок советник во Белата куќа и зет на Доналд Трамп, Џеред Кушнер, како и неговиот заменик, се номинирани за Нобеловата награда за мир.

Кушнер и заменик Ави Берковиќ беа номинирани од еден од поранешните адвокати на претседателот заради нивната улога во преговорите и договорите за нормализирање на односите меѓу Израел и арапските нации, пишува „Скај Њуз“.

Овие договори претставуваат најзначајни дипломатски смени на Блискиот исток во последните 25 години и беа донесени во периодот од август до декември минатата година.

Адвокатот кој ги номинираше, Алан Дерсовиќ, претходно го бранеше Трамп за време на првото судење за неговиот импичмент.

Во своето писмо до Нобеловиот комитет, тој ги спомена и работата на поранешниот амбасадор на САД во Израел Дејвид Фридман и поранешниот израелски амбасадор во САД, Рон Дермер во овие договори.

Тој исто така сугерира дека номинацијата на Кушнер може да биде контроверзна.

– Нобеловата награда за мир не е прашање на популарност. И не станува збор за тоа што може да размисли меѓународната заедница за оние кои помогнаа во воспоставувањето мир. Тоа е награда за исполнување на критериумите поставени од Алфред Нобел во неговиот тестамент – изјави тој.

Во изјавата Кушнер рече дека е почестен, а наградата ќе биде врачена во октомври.

Кушнер и Берковиќ беа клучни фигури во преговорите меѓу Израел, ОАЕ, Бахреин, Судан и Мароко. Сепак, администрацијата на о Бајден има намера да ги разгледа сите безбедносни договори постигнати за време на ерата на Трамп.

Патем, списокот со номинирани за Нобелова награда за мир секој ден станува се подолг. Тука се рускиот опозиционер Алексеј Навални, Светската здравствена организација, климатската активистка Грета Тунберг, поранешниот американски претседател Доналд Трамп …

Слични содржини