Иако немаше прослава, граѓаните се собраа на градскиот плоштад

од Берта Китинска
428 прегледи

Коронавирусот не ги спречи граѓаните да се соберат на градскиот плоштад за да ја дочекаат Новата година.

-Решивме да се прошетаме  низ плоштадот. Секоја година одиме на дочек, ова година заради вирусот Новата година ќе ја дочекаме  дома, па пред да си честитаме дојдовме до плоштадот, вели еден скопјанец.

Во ургентните центри и ковид – центрите во Клиничкиот центар новогодишната ноќ поминала мирно.

„Десетина прегледи и приеми во Ургентниот хируршки центар, што споредено со 30 до 40 изминатите години е многу помалку. Десетина приеми и на Клиниката за токсикологија што на еден начин е ургентен интернистички центар, исто така многу помалку споредбено со триесетина случаи кои биле примани изминатите години. Тоа значи дека навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирања и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче во изјава за медиумите пред Ургентниот центар во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека новогодишната ноќ била генерално мирна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Тој информира дека во текот на ноќта биле регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, а немало сообраќајни незгоди со смртни последици. Во текот на новогодишната ноќ, биле добиени девет пријави за недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица во приватни објекти.

Слични содржини