Додека IBM во голема мера повеќе не произведува корисничка електроника, компанијата се чини
дека ја продолжува својата работа во оваа насока.

Благодарение на LetsGoDigital, гледаме рендери на патент за паметен часовник кој се претвора во
паметен телефон или таблет.
Таквиот концепт не може да биде изводлив со денешната технологија, но во иднина не може да се
исклучи да се видат слични уреди.
Патентната апликација опишува часовник со издолжен екран кој е речиси непрекинат и се
приближува на големината на компактен паметен телефон.

Без опишување на самиот процес, екранот може да се прошири до четирикратна големина која се
состои од четири панели.
Во третата верзија, уредот нуди екран од вкупно осум вакви панели, што значи голема површина за
визуелизација на различни содржини.
Од IBM опишуваат присуството на дел во часовникот, во кој се прибираат панелите, и можност за
нивно распоредување преку слајд механизам.
Компанијата, исто така, обезбедува опција да се користат помали по размер панели во зависност
од потребите.
Ние тешко може да очекуваме таков уред да се појави во блиска иднина, но концептот е
дефинитивно интересен.