Ибра: Ако сакам, ќе играм на Светското

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ најави дека може да се врати во составот на репрезентацијата на Шведска за светското првенство во јуни и јули.

Ибрахимовиќ се повлече од репрезентативниот тим на Шведска по Евро 2016 по 116 натпревари и 62 гола. Освен тоа 36-годишниот напаѓач нема играно во официјален натпревар од Божиќ 2017 година, кога доби втора повреда на коленото. Сепак тој не престанува да мисли за шампионатот во Русија, особено откако ги обнови тренинзите минатата недела.

„Цело време мислам за светското првенство и ако сакам да играм на него, тоа ќе се случи“, рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот додаде дека најверојатно ќе продолжи да игра и наредната сезона, иако тоа речиси сигурно нема да биде во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Отсекогаш сум бил опкружен од шпекулации за тоа каде ќе играм. Мојата задача сепак е да се фокусирам и да ја завршам работата. Се уште сакам да играм. Во моментов не можам да одлучам ништо, но мојата идеја е да продолжам да се натпреварувам“, рече Швеѓанецот.

Слични содржини