Ибра е подготвен да ја продолжи авантурата со Милан

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да потпише нов едногодишен договор со Милан. Шведскиот напаѓач поради операција на коленото ќе отсуствува околу 7-8 месеци, но сака да ја продолжи кариерата на Сан Сиро, пишува Газета дело Спорт. Според изданието, договорот предвидува „симболична“ фиксна плата за 40-годишниот ветеран и посебен дел, кој е поврзан со многу попримамливи бонуси поврзани со индивидуалниот учинок на играчот и резултатите на самиот тим.

Како што е познато, на Ибра му истекува договорот на 30 јуни со „росонерите“, кои оваа пролет ја зграпчија првата италијанска титула по 11 години. Швеѓанецот беше важен за тимот со силно присуство во соблекувалната и менторирање на помладите играчи на тимот. Во сезоната 2021/22, Ибрахимовиќ постигна 8 гола и додаде 3 асистенции на 23 натпревари во Серија А.

Се очекува следната недела да се сретне со директорите на Милан, Паоло Малдини и Рики Масара, кога Швеѓанецот ќе ја започне рехабилитацијата во Милано. Ибра е дециден во желбата да остане уште една сезона во Милан и финансискиот дел не би требало да му претставува проблем. Според се уште важечкиот договор, Швеѓанецот добивал 7 милиони евра по сезона.

Слични содржини