Ибра му порача на раководството на Милан: „Влаховиќ треба да биде мој наследник“

од Vladimir Zorba

Продолжението од Серија А, по оваа ноемвриска репрезентативна пауза, ни носи интересен дуел меѓу Фиорентина и Милан во сабота навечер! Пред се поради тоа што на едната страна ќе го имаме српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, а на другата неговиот идол Златан Ибрахимовиќ!

Токму тоа беше темата на утринското издание на весникот „La Nazione“, изданието за Фиренца, каде новинарите покрај мечот се занимаваа и со информацијата дека Ибрахимовиќ јасно им порачал на челниците на Милан да го доведат Влаховиќ.

Имено, Златан пред разговорите за продолжување на неговиот договор наводно им рекол на раководството на „росонерите“ дека Влаховиќ треба да биде негов долгогодишен наследник на „Сан Сиро“ и да ја искористат ситуацијата со неговиот договор и да го откупат.

Да потсетиме, Влаховиќ веќе порача на раководството на Фиорентина дека нема намера да го продолжи договорот кој трае до летото 2023 година, што значи дека од „Артемио Франки“ треба да си замине најдоцна до следното лето.

Атлетико Мадрид и клубовите од Премиер лигата се заинтересирани, иако се чини дека Јувентус е најблиску до потписот на Србинот.

Слични содржини