Ибра на мета на ЛГБТ заедницата поради хомофобични изјави

од Vladimir Zorba

ЛГБТ заедницата го осуди Златан Ибрахимовиќ за неговиот настап и неколку контроверзни шеги на Санремо, кои се однесуваа на контраверзниот италијански пејач, Акиле Лауро, кого го споредуваат со светската ѕвезда Лејди Гага.

Имено, домаќинот на најголемиот италијански музички фестивал Амадеус го праша фудбалерот како замислува како би изгледал овој настан доколку преносот се организирал од неговата куќа и според неговите правила.

„Пејачи во дневната соба, девојки со Златан. Ти си во кујна и ми правиш кафе “, рече Златан.

Но, она што најмногу ја разгневи ЛГБТ популацијата беше несоодветниот коментар за изгледот на пејачот Лауро, која настапи во Санремо.

„Него би го ставиле во гаража да се грижи за автомобилите, крадците не би украле ништо затоа што би се исплашиле кога ќе го видат“, рече Ибрахимовиќ

Слични содржини