Златан Ибрахимовиќ понуди решение за проблемот што Барселона го има со Дани Олмо.
Вчера во јавноста излезе информација дека шпанскиот репрезентативец Дани Олмо е аут од Барселона до крајот на сезоната поради неможноста на каталонскиот клуб да го регистрира.
Одамна не е тајна дека блауграните се во тешка финансиска ситуација поради прекршувањето на правилата за финасиски фер-плеј, а тоа се одрази и на регистрацијата, не само на Олмо, туку и на Пау Виктор и токму кога ситуацијата за шпанскиот тим стана безнадежен, се појави Милан кој може да го реши проблемот Барселона.
Имено, Златан Ибрахимовиќ, кој во „росонерите“ горе-долу се прашува за се, му се јавил на агентот на Дани Олмо и му понудил да го доведе Олмо во Милан до крајот на сезоната, а играчот може потоа да си замине без обештетување. Тоа не би бил класичен трансфер, бидејќи Ибрахимовиќ во договор со Енди Бара, агентот на Олмо, му предложил на Олмо да помине половина сезона во Милано, а потоа да се врати во Барселона, каде што би можел да игра на почетокот на следната сезона.
Желбата на играчот е да не ја напушти Барселона, но бидејќи челниците на Ла Лига и шпанската ФА веќе одлучија дека Олмо не може да игра за Блауграна, решението што го нуди Милан може да биде единственото кое нема да ја чини Барселона десетици милиони евра.