Ибра за Леброн: Ние спортистите произведуваме радост, нема место за политиката

од Nikola Popovski
315 прегледи

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, е доста активен кога станува збор за социјални и општествени прашања, и со самото тоа и на политичко ниво.

Златан Ибрахимовиќ го искористи тоа како повод да се осврне на ангажманот на спортистите во прашањата за политиката.

„Ние врвните спортисти не сме политичари. Политичарите го делат народот, а фудбалот се обединува во мојот свет. Тоа е голема разлика. Имам можност да запознаам луѓе кои никогаш немаше да имам можност да ги видам ако не играв фудбал“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој нагласи дека секој треба да го прави она во што е добар.

„Познавам луѓе од целиот свет. Мислам дека треба да го правиме она во што сме добри и дека спортот и политиката се две различни категории. Ако сте интелигентни, ќе разберете“, рече 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ.

Тој нагласи дека политиката и спортот не треба да имаат никаква врска.

„Ние фудбалерите произведуваме љубов и радост. Политиката не доаѓа на нашиот свет. Не дојдов да испраќам пораки, туку да ги поврзам луѓето и да им донесам радост. Фудбалот и спортот воопшто се најдобри средства за тоа. Јас сум добар во тоа и затоа го правам тоа“, изјави шведскиот напаѓач за француските медиуми.

Ова не е првпат шведскиот напаѓач да го критикува Џејмс, бидејќи тој изнесе слични ставови во февруари оваа година.

Слични содржини