Ибрахими до Бесими: Зошто министерот дозволува платата на научникот да остане иста?

од Nikola Popovski
730 прегледи

Вчера министерот за Финансии рекол дека неговата плата стигналa до 2000 евра. Ова е само плата, без „подароци“. Знае ли министерот за Финансии колку е платата на научниот работник во оваа земја?, изјавил денеска Зеќириjа Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива.

Ибрахими постави уште неколку прашања до Бесими.

„Како се чувствува тој кога еден научен истражувач, на кого му се потребни 10-15 години научен ангажман за постигнување на потребните звања, на крај да заврши на понижувачка позиција и да моли за платата која ја заслужува? Бидејќи, и кога расте минималната плата, и кога растат платите на високото образование, и кога месечните трошоци за дуплираат, платата на научникот останува иста. Зошто го дозволува ова министер за Финансии? Зошто ваква дискриминација и понижување на науката и на научниот работник во оваа земја?“, прашува Ибрахими.

Бесими вчера информира дека 1060 функционери за месец април добија повисока плата за 78%. Тој исто така обелодени дека земал плата од 125 960 денари, а претходно неговата плата изнесувала 71 145 денари.

Слични содржини