Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Зеќирија Ибрахими, реагираше со остра порака на социјалните мрежи во врска со учеството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир во Приштина во чест на борците од УЧК во Косово. Ибрахими покрена неколку прашања, доведувајќи ја во прашање улогата на лидерот на партијата од Мала Речица во однос на војната од 2001 година.
Тој прашува зошто „Ахмети никогаш не организирал митинг или собир за заштита на војниците на УЧК во Македонија, и покрај тоа што бил на власт повеќе од две децении“.
Меѓу покренатите прашања, тој го нагласува „недостатокот од Закон за ветераните на УЧК во Македонија за време на 22-те години владеење на ДУИ“, додека, според него, на македонските ветерани од АРМ им биле дадени сите законски и финансиски бенефиции.
Ибрахими додава дека Ахмети никогаш не ги посетил семејствата на загинатите команданти од терористичката УЧК, посочувајќи на, како што вели, значителен недостаток на институционална и лична грижа.
Ибрахими поставил и прашање поврзано со истрагите на Специјалниот суд во Хаг, прашувајќи за изјавите што Ахмети ги дал за време на сослушувањето и причината зошто не е гонет, додека дел од другите лидери на паравоената ОВК се соочуваат со строги затворски казни.