Ибрахими по повод трагедијата во Кочани: Институциите треба да го обелоденат случајот и одговорноста да се одреди точно

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Лидерот на Алтернатива, д-р Зекирија Ибрахими испрати порака на сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата што се случи во Кочани.

Во овој контекст, Ибрахими побара институциите треба да го обелоденат случајот и одговорноста да се одреди точно.

„Трагичниот настан во Кочани, во кој животот го загубија десетици млади, е тажна и болна вест која денеска не трогна сите.

Изразувајќи го нашето најискрено сочувство до семејствата на загинатите, се молиме Господ да ги смилува починатите, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување!

Институциите треба да го обелоденат случајот и одговорноста да се одреди точно. Сочувство и молитви!”, се вели во ова порака на сочуство.

Слични содржини