1,5K
Пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими синоќа најави дека по вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство.
На прашањето како ќе се формира ново мнозинство, Ибрахими рече дека тоа е во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибрахими во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Пред два дена, лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за ТВ Клан Македонија рече дека Алтернатива со четири пратеници ќе биде дел од владата и дека тоа е завршена работа. Тој додаде дека е добро информиран од Заев и Ахмети, но тоа не го објавуваат за да не предизвикаат загриженост кај движењето БЕСА.