Ибрахими: ЗНАМ е безначајна партија, не наметнуваат никаква обврска кон ВЛЕН

од Nikola Popovski
77 прегледи

Претседателот на Алтернатива и дел од коалиција ВЛЕН, Зеќирија Ибрахими смета дека движењето ЗНАМ е безначајна и периферна партија која, според него, не е важно што зборува и истакнива дека темите за кои разговараат не наметнуваат никаква обврска кон коалицијата ВЛЕН.

„За нас ЗНАМ воопшто не е важна партија. ЗНАМ е мала, периферна политичка партија и воопшто не е важно што ќе кажат. Тие можат да зборуваат за секое прашање, но тоа не ни наметнува никаква обврска, ниту на темата со знаме, ниту на други теми“, изјавил Ибрахими во емисијата „Дејли клик“.

Новите пресметките на таканаречениот балансер, според кој правичната застапеност во институциите се пресметува водејќи се од процентот на резидентното население во државата од пописот од 2021 година, а не како досега според процентот на етничка припадност на вкупно попишаното население, ги раскара владините партнери. Претходно имаше обвинувања и околу употребата на албанското знаме во просториите на Владата, од страна на вицепремиерот Изет Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски ја опиша ситуацијата во владината коалиција исто како „во едно семејство“.

-Во еден внатрешен дијалог, во процес на внатрешна дебата, тие недоразбирања треба да се надминуваат, доколку има простор. Во едно семејство, не секогаш се сложувате со членовите и ќе наидете на одредени недоразбирања во одредени моменти, но во еден демократски дијалог, треба да ги надминувате. Досега во овие пет недели, така функционираме како коалиција, рече вчера премиерот за „искрите“ меѓу ВЛЕН и ЗНАМ.

Слични содржини