Ибрахимовиќ откри за кого смета дека ќе го освои Светското првенство

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска од 20:00 часот во првиот полуфинален натпревар на Светското првенство во Катар играат Аргентина и Хрватска.

Меси го игра своето второ финале на Светското првенство. Во првиот загуби од Германија (0:1), а ќе видиме дали ќе ја освои титулата над Хрватска. Доколку тимот на Меси стигне до финалето, таму ги чека победникот од мечот Франција – Мароко.

Ибрахимовиќ верува во Меси и Аргентина.

„Мислам дека веќе е запишано кој ќе го освои Светското првенство – и веќе знаете на кого мислам. Мислам дека Меси ќе го крене трофејот, така е секаде запишано“, изјави Ибрахимовиќ, кој играше само два пати на СП, последен пат во 2006 година – кога Меси дебитираше на Мундијалот.

Ибрахимовиќ вели дека Франција и Хрватска се „силни репрезентации“, но дека е неизбежно Лионел Меси да го освои Светското првенство.

Слични содржини