Ибрахимовиќ: Ако сака Малдини, ќе останам во Милан

од Stefanija Kuzmanovska

Златан Ибрахимовиќ поради повредата не настапи на вчерашната победа на Милан на гости над Верона (0: 2), но беше со своите соиграчи.

– Јас сум Златан, одговорен сум и се чувствувам како лидер. Овој тим е единствениот што ме натера да се чувствувам возбуден. Сакам да подучувам, да бидам лидер. Кога кажувам нешто, другите го прифаќаат тоа и прават како што ќе кажам. Сакав да бидам во Верона, кога ќе поминам еден ден без соиграчите, како да сум без синови – изјави Ибрахимовиќ.

Новинарите беа заинтересирани дали тој ќе остане во Милан и следната сезона.

– Не знам, ќе видиме, ако Малдини го сака тоа, подготвен сум. Сезоната е долга, останаа уште многу натпревари. Ние секогаш играме за да победиме – заврши Ибрахимовиќ.

Слични содржини