Ибрахимовиќ донесе одлука каде ќе игра следната сезона

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ (39) ќе го продолжи договорот со Милан за уште една сезона, објави угледниот дневен весник „Кориере дела Сера“.

Во Милан се задоволни од игрите на легендарниот напаѓач, но и од неговото влијание врз остатокот од тимот кој се бори за Скудето оваа сезона.

„Кориере“ тврди дека, благодарение на претходниот договор, Златан и следната сезона ќе ја задржи неверојатната годишна плата од дури 7 милиони евра.

– Ако ме сакаат во Милан, ќе останам. Се за вљубив во тимот. Кога поминувам еден ден без соиграч, како да сум поминал еден ден без деца – изјави неодамна Златан.

Слични содржини