258
Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ на својот Инстаграм објави видео, на кое е напишано неговото име на дрес на шведскиот клуб Хамарби од Стокхолм.
Ова информација е големо изненадување за фудбалската јавност која очекуваше 38-годишниот Швеѓанец кој си замина од Лос Анџелес галакси, да се најде во некоја од поголемите европски екипи.
Претходно беше објавено дека Ибрахимовиќ ќе се пресели во Милан, кој е подготвен да му понуди на играчот договор на 18 месеци со опција да го обновува за уште една година. Беше објавено дека за 1,5 години фудбалерот ќе може да заработи шест милиони евра ако ја прифати понудата.
@Hammarbyfotboll pic.twitter.com/jLWfK5uP0q
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 26, 2019