Ибрахимовиќ го напуштa Јунајтед на крајот од сезоната

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека напаѓачот Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, кога истекува и неговиот договор со „црвените ѓаволи“. Португалецот ова го изјави на прес-конференцијата пред гостувањето кај Кристал Палас во понеделник.

„Сите сме на мислење дека ова е последна сезона на Златан во Манчестер Јунајтед. Од него сепак зависи дали ќе продолжи да игра, или ќе ја прекине кариерата“, рече Мурињо на адреса на Швеѓанецот, кој пред помалку од една година имаше тешка повреда на коленото.

„Златан е неверојатен фудбалер со исклучителна кариера и единствено оваа страшна повреда во погрешен момент му попречи да има две фантастични сезони со нас“, додаде Мурињо.

„Актуелната сезона е многу тешка за него. Во моментов тој не е повреден, но дали тој е среќен и подготвен да помогне на тимот сега? Не е, но тој е толку искрен и има таков шампионски дух дека би се вратил на теренот, само ако е целосно подготвен за тоа. Тој работи напорно и се надевам дека ќе успее да влезе во форма која ќе му дозволи да стигне до нивото на кое тој сака да биде“, рече менаџерот на Јунајтед.

Слични содржини