Во директната борба за 1. место во групата Б, Шведска беше поразена на гостувањето кај Шпанија со голот на Алваро Мората во 86. минута.
Навивачите на селекцијата на „трите круни“ останаа разочарани, а уште повеќе се растажија кога дознаа дека Златан Ибрахимовиќ нема да може да настапи на првиот меч од баражот.
Легендарниот напаѓач доби жолт картон во судиското продолжување, но тоа предизвика изненадување, бидејќи тој детаљ не беше прикажан на ТВ преносот.
„Тоа се случи позади мене. Но, знаеме дека Ибрахимовиќ е еден од најсилните напаѓачи во светот и тоа може да се случи со неговите раце. Тоа е контактен спорт“, изјави Алваро Мората.
За Ибра ова беше втор жолт картон во квалификациите. Според правилата, следува автоматско суспендирање.
„Тоа е глупаво правило“, изјави шведскиот репрезентативец Албин Екдал.