Ибрахимовиќ му кажа „чао“ на Милан

од Vladimir Zorba
158 прегледи


„Ибра му кажа чао на Милан “ пишува на денешната насловна страница „Ла Газета дело Спорт“, додавајќи: „Адио на Златан кон „росонерите“. Тој одлучи да не го продолжи договорот.“

Најчитаниот италијански и еден од најпочитуваните спортски весници во текстот, сепак, пишува дека воскреснувачот и повратникот во Милан заминува само три месеци по неговиот втор настап, бидејќи е разочаран што Милан го отпушти директорот Звонимир Бобан.

Легендарниот играч на Милан од 90-тите години заедно со Паоло Малдини од пролетта минатата година беше главен оперативен директор на клубот и најодговорен за јануарското враќање на 38-годишниот Ибрахимовиќ, со кого започна ренесансата на „росонерите“ од почетокот на годината.

Бобан сакаше да го донесе Ибрахимовиќ на почетокот од сезоната, но извршниот претседател Иван Газидис се спротивстави на тоа затоа што сопственикот, американската корпорација „Елиот“, сакаше да го подмлади тимот.

Сепак, кога Милан дојде во борба за опстанок со подмладениот тим, „старецот“ Ибра беше повикан за да помогне во зачувување на сезоната, па Бобан и Малдини сакаа да создадат тим за следната сезона околу ветеранот, кој во октомври ќе наполни 39 години.

Плановите на Бобан веќе не се важни затоа што тој беше отпуштен пред три недели откако жестоко го нападна Газидис во интервју за „Газета“, за договорот зад грб со Ралф Рангник, кој од следната сезона ќе стане менаџер на тимот.

Слични содржини