Ибрахимовиќ му „пресуди“ на Лацио

од Nikola Popovski
393 прегледи

Фудбалерите на Милан го совладаа Лацио со 2: 0 (1:0), во натпреварот од третото коло во италијанската Серија А.

Со тоа, Милан ја оствари третата победа во новата сезона, додека Лацио го претрпе првиот пораз.

Водечкиот гол го постигна Рафаел Леао на крајот од првото полувреме. Тој постигна гол во 45. минута, на асистенција на Ребиќ.

Милан можеше да ја удвои предноста, но Кејси промаши пенал, поточно ја погоди гредата.

Наместо стрелецот на првиот гол, Златан Ибрахимовиќ влезе во 60. минута и ја „завери“ победата седум минути подоцна.

Тој постигна гол преку нова асистенција на Ребиќ.

Милан го дели врвот на табелата со Наполи, со освоени максимални 9 бодови.

Слични содржини