Ибрахимовиќ не мрда од Милано

од Nikola Popovski
269 прегледи

Златан Ибрахимовиќ, еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, одлучи да ја продолжи кариерата и да договори со Милан до јуни 2023 година и покрај повредата на коленото.

Тој лани беше најплатен играч со седум милиони евра, додека според информациите на италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио сезонава ќе заработи меѓу еден и 1,5 милион.

Тој беше опериран на крајот на мај, а од терените би требало да биде до крајот на 2022 година, па враќањето на Ибрахимовиќ на терените се очекува во вториот дел од сезоната.

Претходната сезона го подигна Скудетото со Росонерите, при што одигра 23 натпревари и постигна осум гола во Серија А.

Швеѓанецот во октомври ќе наполни 41 година и ова ќе биде 23-та сезона во неговата кариера.

Тој дојде во Милан во 2020 година, а претходно играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Слични содржини