Ибрахимовиќ: Нема да запрам, ќе играм со внукот на Малдини

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Златан Ибрахимовиќ не престанува да ужива во оваа сезона. Тој е најдобар стрелец во Серија А, веќе постигна десет погодоци во сезоната, а тимот на Милан е најголемото изненадување во Калчото, каде нема пораз на десет натпревари и води на табелата со пет бода повеќе од градскиот ривал Интер.

Поранешниот репрезентативец на Шведска, кој играше во седум различни земји во кариерата која трае две децении, вели дека нема намера да застане тука.

„Ќе продолжам да го правам она што го правам се додека можам. Само да останам во форма, останатото ќе се реши само по себе“.

Милан ја освои последната титула во Серија „А“ во сезоната 2010/11, а одличните игри на почетокот на шампионатот ја разбудија надежта на навивачите дека титулата може да се врати на „Сан Сиро“ по десет години.

„Ние сме во неверојатна форма, работиме одлично, но сè уште не сме освоиле ништо, мора да го имаме тоа на ум“, изјави Ибрахимовиќ за „Би-Би-Си“.

Како дополнителен мотив, тој го посочи фактот што многумина сметаа дека на 39-годишна возраст нема да може да игра на високо ниво, особено откако пристигна во Италија од Лос Анџелес Галакси.

„Првиот пат кога бев во Милано, тоа беше клуб кој се бореше за титулата, втор пат стигнав во ситуација каде треба да го вратиме тимот и клубот на врвот каде што припаѓа. Тоа е различен предизвик, тој е предизвик што ми се допаѓа, особено кога велат дека е невозможно и дека е многу тешко. Тука доаѓам до израз и тука се чувствувам жив“.

Тој исто така истакна дека морал да направи мали промени во играта за да продолжи да биде закана во лига како што е Серија „А“.

„Имам големо искуство, головите никогаш не биле проблем за мене. Јас не сум истиот играч како што бев пред пет или десет години. Не трчам како порано, гледам да го правам тоа малку попаметно, тешко е да се биде напаѓач во Италија затоа што филозофијата е пред се да не се прима гол“, вели Ибрахимовиќ.

На 39-годишна возраст, тој е најстариот во тимот на Милан, па даде интересен коментар за сметката на годините.

„Се чувствувам како да сум тука со генерации. Порано играв со Паоло Малдини, а сега играм покрај неговиот син Даниел. Се надевам дека ако продолжам вака, ќе играм со синот на Даниел, тоа ќе беше вистинско чудо“, изјави Ибрахимовиќ, кој во кариерата постигна близу 500 голови.

Слични содржини