Ибрахимовиќ одлучи да го продолжи договорот со Милан

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се подготвува да потпише нов договор со италијанскиот клуб. Договорот ќе трае до 30 јуни 2023 година, пренесува Sky Sport Italia.

Платата на 41-годишниот шведски интернационалец ќе биде меѓу 1-1,5 милиони евра, плус бонуси кои зависат од резултатите и учинокот на Ибра.

Истиот извор наведува дека Ибрахимовиќ официјално ќе го потпише договорот со клубот кој следната сезона ќе ја брани титулата шампион на Италија.

Швеѓанецот на крајот на мај беше опериран на коленото што му направи многу проблеми во текот на претходната сезона, а се очекува опоравувањето да трае од шест до осум месеци. Ибрахимовиќ не сакаше финансиски да ги оптоварува Росонерите при опоравувањето по операцијата, па оттука и симболичната сума на договорот, а ќе има можност да ја продолжи соработката и за вториот дел од сезоната 2022/2023.

Искусниот фудбалер се врати во Милан во 2020 година, а во кариерата играше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси. Со Милан беше шампион на Италија во 2011 година.

Слични содржини