Ибрахимовиќ: Само еден фудбалер е подобар од мене!

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ даде интервју за италијанските медиуми во кое откри кој е најдобриот играч на сите времиња за него!

Според него, тоа е Диего Армандо Марадона кој неодамна почина на 60-годишна возраст.

– Најсилниот фудбалер на сите времиња? Роналдо беше феномен, мојот идол. Но, Марадона е оној кој беше најдобар на сите времиња. Тој беше единствениот кој беше подобар од мене – беше јасен Ибра.

Швеѓанецот оваа сезона одигра 10 натпревари во дресот на Милан и постигна 11 погодоци, со две асистенции, додека во моментов е „поштеден“ поради проблеми со повреди.

Слични содржини