Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се сретна со поранешниот претседател на Милан, а денес првиот човек на Монца, Силвио Берлускони, со кого се фотографираше, и ја сподели сликата на својот Инстаграм со специјална порака.
„Моќта не ја прави вистинската работа. Таа само создава историја“.
Популарниот Ибракадабра, кој во моментов се опоравува од повредата во Милано, за првпат им се приклучи на „росонерите“ во 2010 година, кога Берлускони беше на чело на клубот.
Италијанските медиуми потсетија на заедничкото време на Ибра и Берлускони во Милано, и цитираа една информација која покажува колку овие двајца биле влијателни во тој клуб, кој под водство на Берлускони освои се што може да се освои во фудбалот.
Заедно, двајцата освоија 60 трофеи, од кои 29 ги освои Милан на Берлускони (осум титули во Италија, пет Лиги на шампиони, шест Суперкупа на Италија, Светско клупско првенство и други), додека на ѕидот на Ибра има 31 трофеј.
Легендарниот напаѓач освои 11 локални првенства, три национални купови, четири лига купови, Европски Суперкуп итн.