Ибрахимовиќ се жртвувал половина година за Милан да стане шампион (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
371 прегледи

МИЛАН оваа недела на својата официјална веб-страница објави дека Златан Ибрахимовиќ, 40-годишниот шведски напаѓач, ќе биде отсутен од терените седум до осум месеци поради операција на коленото. Ибрахимовиќ има договор со Милан на уште еден месец, а веќе извесно време размислува да стави крај на кариерата поради повредите.

„La Gazzetta dello Sport“ претходно пишуваше дека популарниот Ибра би можел да ја продолжи својата играчка кариера, без конкретно да го спомне Милан. Весникот ја споменал и опцијата Швеѓанецот со босанско потекло да ја заврши кариерата. Во тој случај би можел да преземе некоја од директорските функции во Милан. Таа опција сега изгледа најверојатна. Ибра на својот Инстаграм профил детално го опиша пеколот низ кој поминал по повредата.

Шведскиот напаѓач сподели видео од болниот и непријатен процес на вадење течност од коленото низ кој морал да помине, како што самиот кажа, еднаш неделно во период од цели шест месеци.

Во претпоследната објава на Инстаграм напиша: „Последните шест месеци играв без вкрстени лигаменти на левото колено. Коленото ми беше отечено шест месеци. Во последните шест месеци можев да тренирам со тимот само 10 пати. Добив повеќе од 20 инјекции за шест месеци. Лекови против болки секој ден шест месеци. Од болки едвај спиев шест месеци. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Невозможното го направив возможно. Имав само една цел на ум, да ги направам соиграчите и тренерот шампиони на Италија бидејќи им дадов ветување. Денеска имам нов лигамент и уште еден трофеј“.

Слични содржини