Ибрахимовиќ со среден прст го честиташе католичкиот Божиќ

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ им го „честиташе“ Божиќ на необичен начин на сите христијански верници кои го слават според грегоријанскиот календар, а тоа на многумина не им се допадна.

Швеѓанецот во повеќе наврати ја покажа својата ексцентричност во текот на годините врз кои го градеше својот имиџ. Па сега тој објави фотографија со раката облечена во костум на Дедо Мраз, покажувајќи го средниот прст.

Покрај тоа, тој напиша „Среќен Божиќ“, а според реакциите на неговите следбеници на социјалните мрежи, многумина или не ја разбраа неговата објава, или Златан отиде чекор предалеку.

Во секој случај, некои го повикаа со зборови дека не ја почитува религијата и дека е арогантен, други го потсетија дека има 39 години и дека не е учтиво да се поставува такво нешто, а трети да не постигнe ниту еден гол во 2021 година се додека не се извини.

Во секој случај, Златан оваа сезона постигна 11 гола на десет натпревари во дресот на Милан и подели две асистенции, но веќе некое време има проблеми со повредите.

Слични содржини