36
Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, го потпиша својот прв професионален договор со Милан. Поранешниот напаѓач моментално работи како советник на новите сопственици на „росонерите“.
Трансфер гуруто Џанлука Ди Марцио откри дека договорот на Ибрахимовиќ Јуниор е до 2027 година и засега тој ќе игра за „росонерите“ кои се натпреваруваат во Серија Ц.
17-годишниот талент игра како лево крило и постигна 3 гола на 29 натпревари за тимот до 18 години на Милан минатата сезона.