Златан Ибрахимовиќ, еден од најголемите егоисти на планетата, реши да се извини. Тој го направи тоа за прв пат во животот и многумина беа изненадени.
Ибрахимовиќ продолжува да работи како советник за спортски прашања во Милан, но не е тајна дека тој речиси се прашува за се во клубот.
Откако Милан ремизираше со Рома (1:1), беше одлучено да се замени Пауло Фонсека. Навивачите сакаа тоа да се случи порано и новиот тренер да има повеќе време да го запознае тимот, а вака беше направено само четири дена пред мечот со Јувентус.
Дури и препотентниот Ибрахимовиќ сфатил дека се работи за грешка, па решил јавно да се извини за прв пат во кариерата.
Фонсека по натпреварот доби отказ во соблекувалната по завршувањето на мечот, а потоа излезе на прес-конференција. Ибрахимовиќ сега тоа го гледа како грешка.
„Одлуката за отказот е донесена веднаш по натпреварот со Рома. Наша грешка беше што го пуштивме да оди на прес-конференција и оттаму им се извинуваме на навивачите“, започна Ибрахимовиќ.
Да, Ибрахимовиќ реши да се извини. Не само во негово име, но, јасно е дека тоа ретко го гледаме од него.
„Би сакал да му се заблагодарам на Пуло за тоа колку беше професионален за време на неговиот престој овде, тој ја има мојата целосна почит за тоа. Причина за отказот беше неконзистентноста во резултатите. Кога си во Милан, резултатите се многу важни. Не ги постигнавме нашите цели и затоа сме незадоволни. Првиот чекор е да го освоиме Суперкупот на Италија“, рекол Ибрахимовиќ.
Серџо Консеисао со тоа стана нов тренер на Милан.
„Одговорноста за резултатите не е вина само на тренерот, туку и на сите нас во клубот“, вели тој.
„Милан секогаш мора да биде подготвен за следната акција, без разлика дали резултатите се лоши или добри. Сега ви го претставуваме Серџо Консеисао. Секој знае кој е тој. Има карактер на победник, многу е директен. Во Порто беше добар, забележа одлични резултати“, заклучил Ибрахимовиќ.
Милан моментално е седми во Италија со седум победи, шест нерешени и четири порази. Интересно, истиот тим е 12-ти во Лигата на шампионите со четири победи и два порази.