Ибрахимовиќ сменил тренер во Милан оти не го ставал син му во игра?!

од Nikola Popovski
192 прегледи

По завршувањето на играчката кариера, Златан Ибрахимовиќ остана во Милан како советник, а сега го отпушти тренерот на младинската екипа Даниеле Бонерa бидејќи наводно не му дал шанса на неговиот син Максимилијан.

Поранешниот голгетер беше тој што пред неколку месеци го иницираше доаѓањето на Бонера за тренер на младинскиот тим на Милан, Милан Футуро, кој се натпреварува во италијанската Серија Ц. Неофицијално, сега популарниот Ибра му го „средил“ отказот.

Официјално причината е лошата игра, тимот се бори да остане во Серија Ц бидејќи Бонера од неговото доаѓање има само четири победи.

Сепак, шведските медиуми пишуваат дека Бонера останал без работа бидејќи синот на Златан, Максимилијан Ибрахимовиќ (18) не добивал доволно можности за да настапува односно тој оваа сезона играл само на еден натпревар за младинскиот тим на Милан во Серија Ц.

Наместо Бонера, сега функцијата тренер на јуниорите на Милан ја презеде уште еден поранешен играч на тој клуб, Масимилијано Оддо.

Слични содржини