341
Поранешниот пратеник Зекирија Ибраими денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочеше за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.
-Моја лична одлука беше пеењето на албанската химна, тоа не бeше прекршување на Деловникот, јас како заменик-координатор имав право на процедурално обраќање.Јас појаснив во сведочењето дека не е во спротивност, бидејќи јас на тој начин го изразив мојот протест од начинот на водење на пленарната седниц, рече Ибраими.
Тој во своето сведочење рече дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање, тоа го направил неколку пати од собраниската говорница.
Судењето продолжува во понеделник со сведочења на пратеници од претходниот парламентарен состав.