Ибраимовски бил пријавен во полициска станица од судијката Павловска Данева, демантира дека сакал да врши убиства

од Nikola Popovski
647 прегледи

Лидерот на партијата ПЦЕР и поранешен пратеник, Самка Ибраимовски информира дека бил повикан во полициска станица поради наводни закани кон уставни судии.

-Тоа што ме пријавија во полиција е заради тоа што пишувам на Фејсбук и сум еден од предлагачите на Законот за облигациски односи. Имам демократско право да пишувам. Сепак, сметам дека е срамно што една колешка која беше пратеник со мене, а сега уставна судијка, Ана Павловска-Данева, да ме пријави во полиција дека наводно сум сакал да вршам убиства. Само сум поставил прашања – што ако настанат убиства? Само сум го пренел гласот на народот, што ми пишуваат мене и велат дека ќе земат пиштол и ќе убијат некого или сами ќе се убијат… Кој би одговарал за тоа?, кажа денеска Ибраимовски на прес-конференција.

Како што вели, Павловска Данева добро го познава и смета дека требала да има почит кон него и да го побара по телефон.

-Не сум се заканил на никого, дециден е лидерот на ПЦЕР.

Tврди дека има бројка од околу 100 илјади луѓе кои го поддржуваат за Законот за спречување на изршителите да продолжат да наплаќаат долгови. Најави и барање правда надвор од државата, односно пред Судот во Стразбур за непочитување на веќе донесен закон.

Министерството за внатрешни работи вчера сооошти дека заканите кон судија на Уставен суд, пријавени од претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, ги упатил токму Ибраимовски. Оттаму велат дека преземаат соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

Слични содржини